Руд ван Нистелрој/фото: EPA/Jorge Zapata

Руд ван Нистелрој ќе му биде помошник на Тен Хаг во Манчестер јунајтед

Поранешниот холандски фудбалер Руд ван Нистелрој се враќа на „Олд Трафорд“. Тој ќе му стане помошник на менаџерот Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед.

Ван Нистелрој се враќа во клубот за кој настапуваше од 2001 до 2006 година.

Во Јунајтед како професионален играч одигра 219 натпревари и постигна 150 голови.

По ерата на Јунајтед замина во Реал Мадрид, а играше и во ХСВ, Малага, ПСВ, Херенвен и Ден Бош.

Во својата тренерска кариера ги водеше јуниорите, вториот тим и сениорскиот тим на ПСВ. Со ПСВ го освои Купот и Суперкупот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот