ФОТО: Сенаторот од Флорида, Марко Рубио – Извор : Wikipedia

Рубио разговараше со Абделати за плановите за постконфликтна Газа

Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати за последните случувања во Газа, соопшти Стејт департментот.

Рубио му се заблагодари на Абделати за време на телефонскиот повик во вторникот за посредничките напори на Египет во обезбедувањето ослободување на заложниците и прекинот на огнот, како и за продолжувањето да бара одговорност од Хамас.

Рубио ја повтори важноста од блиска соработка за унапредување на постконфликтното планирање за да се осигура дека Хамас никогаш повеќе нема да може да управува со Газа или да му се заканува на Израел, се вели во соопштението на Стејт департментот, пренесе Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот