
Рубио: Сите заложници мора веднаш да се вратат дома, Хамас мора да биде уништен
Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека сите заложници мора веднаш да се вратат дома и дека Хамас мора да биде „уништена“ како вооружена група.
Препорачано
Зборувајќи на прес-конференција во Ерусалим, Рубио рече дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште е посветен на тие цели, објавува „Тајмс оф Израел“.
Рубио истакна дека Иран им се заканува не само на Израел и САД, туку и на сојузниците од Персискиот Залив и Европа.
Тој рече дека нуклеарниот Иран е „неприфатлив ризик“ за светот.
Рубио го критикуваше Хамас за неговиот „неспоредлив варваризам“ и додаде дека народот на Газа не може да има мир или подобра иднина сè додека Хамас не биде разоружан и сите заложници не бидат вратени дома.
„Фокусирани сме на тоа што ќе се случи следно“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио, осврнувајќи се на израелскиот напад во Доха минатата недела.
Рубио отпатува во Израел за да му го пренесе на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху незадоволството на САД поради неодамнешниот израелски напад врз Доха, Катар, под изговор за напад врз седиштето на Хамас.
Во пресрет на состанокот, Рубио најави дека ќе разговара со Нетанјаху за воените планови на Израел за освојување на градот Газа, како и за намерата на Израел да анектира делови од окупираниот Западен Брег.