Фото: Profimedia

Роузи Хантингтон – Вајтли е бремена: Манекенката очекува второ дете со партнерот Џејсон Статам

Топ моделката Роузи Хантингтон – Вајтли објави дека има трудничко стомаче на својот инстаграм- профил. Ова е нејзина втора бременост, односно таа очекува второ дете од нејзиното момче, актерот Џејсон Статам. 

Роузи Хантингтон-Вајтли повторно се подготвува да стане мајка: 34-годишната манекенка минатиот четврток, 19 август, објави на Инстаграм дека е бремена со своето второ дете со нејзиното момче Џејсон Статам, објавувајќи и серија фотографии на нејзиниот профил, која завршува со нејзина фотка во тесен бел фустан што јасно го покажува нејзиниот испакнат стомак.

Фото: Instagram

Објавата брзо собра повеќе од 500.000 лајкови и многу коментари од обожавателите и многу пријатели како Попи Делевињ, Елса Хоск, Џордан Дан…кои ѝ изразија срдечни честитки.

Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Статам веќе се родители на 4 – годишниот Џек Оскар.

Моделката призна (во декември 2019 година) дека мора да ослабе откако го роди синчето. За време на бременоста со Џек се здебелила околу 25 килограми: „Накачив значителна тежина“, ѝ рече таа на „плус сајз“ моделката Ешли Греам во епизода од подкастот за „заоблени“ манекенка „Pretty Big Deal“.

Роузи призна дека губењето на тежината не е толку лесно како што мислела, и покрај многуте вежби во фитнес салата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот