Фото: EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU / POOL

Рот: Промена на границите на Западен Балкан не решава никаков проблем

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот изјави дека промената на границите не решава никаков проблем на Западен Балкан, како и дека таа приказна може да биде многу опасна и повторно да ја отвори „Пандорината кутија” полна со конфликти.

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот изјави дека промената на границите не решава никаков проблем на Западен Балкан, како и дека таа приказна може да биде многу опасна и повторно да ја отвори „Пандорината кутија” полна со конфликти.

Во интервју за Дојче веле на албански јазик, по повод таканаречениот „нон-пејпер”, наводно доставен од словенечкиот премиер Јанез Јанша до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Рот рече дека сегашноста и иднината на Западен Балкан се во помирување, блиска регионална соработка и оддалечување од национализмот и реваншизмот.

„Земјите од Западен Балкан се и остануваат земји на мултирелигиозни и мултиетнички општества. Ова е предуслов за мир, просперитет и демократија. Убеден сум дека словенечката Влада јасно се огради од фантазиите за промена на границите, бидејќи никој во Европа не е заинтересиран за тоа”, рече Рот.

Тој додаде дека сеќавањата за војната во 90-те треба да бидат доволно предупредување за сите и посочи дека „фантазиите” за промена на границите припаѓаат на пропаднато минато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот