Фото: EPA/MANUEL FERNANDO ARAUJO

Роналдо не појави на погребот на Жота, Невеш 12 часа по натпреварот во САД долета во Португалија

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, не се појави на погребот на својот сонародник и репрезентативец Диого Жота, кој заедно со својот брат трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Неговото отсуство предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде дел од јавноста го обвини за недостаток на почит кон трагично починатиот фудбалер. Сепак, португалските медиуми пренесуваат дека Роналдо пред погребот стапил во контакт со семејството на Жота и лично изразил сочувство преку телефонски разговор.

И покрај критиките, гестот на Роналдо сепак покажува дека не останал рамнодушен на загубата што ја потресе португалската јавност и фудбалска сцена.

Дел од фановите го посочуваат Рубен Невеш како вистински пример бидејќи со својот Ал Хилал вчера вечерта од 21:00 часот играше натпревар во САД, а денеска пристигна во Португалија да оддааде почит на својот сонародник и пријател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот