фото: EPA-EFE/SERGIO PEREZ

Роналдо Назарио официјално го продаде Ваљадолид

Фудбалерите на Ваљадолид имаа многу лоша сезона, овој шпански клуб испадна во Втора лига, но освен разочарувачките резултати, навивачите имаат уште една причина за славење.

Имено, досегашниот сопственик на тимот, легендарниот Бразилец Роналдо Назарио, го продаде клубот, беше потврдено во соопштение од „виолетовите“.

– Претседателот на Управниот одбор и мнозински сопственик на Ваљадолид, Роналдо Луис Назарио де Лима, објавува дека потпишал договор за продажба на мнозински удел на инвестициска група од Северна Америка, која е поддржана од фонд од Европа – се вели во соопштението на Ваљадолид.

Навивачите беа многу незадоволни од она што Роналдо Назарио го направи оваа сезона со тимот од стадионот „Хозе Зориља“.

Ваљадолид ја заврши сезоната на последното 20 место во Ла Лига со само 16 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот