twitter.com/TeamCRonaldo

Роналдо го избра својот најубав гол во кариерата: Со години се обидував да дадам ваков гол

Кристијано Роналдо во досегашната кариера постигна фантастични 700 голови, и сега се најде пред предизвик да го открие кој му е најубав гол кој го постигнал.
Португалецот се одлучи да голот со ножички кој кој го постигна за Реал мадрид против неговиот сегашен клуб, Јувентус.

– 700 голови е импресивен подвиг на кој сум горд и тоа е постигнување кое многу малку играчи го оствариле. Доколку ме прашате да го изберам омилениот гол, тоа е голот против Јувентус бидејќи со години се обидував да постигнам погодок со ножички – изјави Роналдо.

Тој гол беше втор во убедливиот триумф на Реал од 3:0 и тоа на гости. Веднаш по тој натпревар, Роналдо прокоментира дека тоа му е најверојатно најубавиот гол во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот