борбени авиони Ф 16 фото МИА

Романија ќе го покрене прашањето за рускиот дрон пред Генералното собрание на ОН

Романија испрати два борбени авиони Ф-16 откако забележа руски дрон кој го нарушил воздушниот простор на земјата, само неколку дена откако Полска потврди дека соборила руски дронови во нејзиниот воздушен простор, објави „Индепендент“.

Романското Министерство за одбрана објави дека дронот е откриен за време на рускиот напад врз украинската инфраструктура и дека го нарушил суверенитетот на романскиот воздушен простор. Авионите Ф-16 го следеле авионот сè додека не исчезнал од радарот.

ВИДЕО | Тревога во Полска поради закана од беспилотни летала – Романија собори два руски дрона

Романската министерка Оана Цоју соопшти дека ќе го покрене прашањето за руските упади во воздушниот простор на Романија и другите земји-членки на НАТО на Генералното собрание на Обединетите нации , повикувајќи на строго меѓународно почитување на санкциите.

Луѓето во Романија никогаш не биле во опасност, но ваквите постапки на Русија се неприфатливи и неодговорни. Романија го осудува однесувањето на Русија и презема неопходни мерки за заштита на својот суверенитет и безбедност, изјави министерката во објава на социјалната мрежа X.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот