
Романија банкротира, нема пари за пензии и плати, ситуацијата е критична, предупредува премиерот Бологијан!
Романија се соочува со тешка финансиска криза, а владата предупредува дека постои ризик да остане без средства за исплата на пензии и плати. Премиерот Илие Бологијан ја опиша ситуацијата како критична, наведувајќи дека без итна и решителна акција, земјата би можела да западне во длабока рецесија, објавија странските медиуми, пренесува Телеграф.бг. Романија е во една од најсериозните финансиски ситуации во последните години, објавува Вести, повикувајќи се на романската новинарка Јулија Баховски, која ја следи социо-економската состојба на земјата.
Препорачано
„Финансиската состојба на Романија е навистина доста сериозна“, рече таа.
Според Баховски, владата воведе голем број мерки кои беа избрзани и слабо оправдани.
„Сите можни мерки беа неопходни. Сега излегуваат на виделина голем број проблеми кои не беа споделени на време. Државата го промени даночниот систем, а новите законски правила сè уште се предмет на анализа. Сепак, Романија презеде строги фискални мерки, без анализа, без студии, што го оптовари приватниот сектор. И покрај ова, беа потрошени многу пари“, истакна Баховски.
Баховски забележува дека приходите не се доволни за покривање на дефицитот.
„Даночната администрација, исто така, заостанува во модернизацијата. Во исто време, беа усвоени многу популистички мерки, како што се зголемување на платите и пензиите, во многу тешка изборна година. Ова доведе до социјални неправди: некои плаќаат повеќе, други помалку. Приходите не растат, а дефицитот се зголемува и станува сè потешко да се покрие“, коментираше Баховски.
Таа предупредува дека тензијата во општеството расте, а довербата во политичката класа опаѓа. „Ова води кон социјална тензија. Само пред неколку минути излегоа социолошки анкети, според кои, доколку утре имаше избори, националистичките и антисистемските сили би имале уште поголема поддршка. Ова е резултат на акумулираното незадоволство“, коментираше Бачовски.