Новак и ја возврати услугата на младата пејачка/ фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Ролан Гарос: Ѓоковиќ лесно го победи Куевас за пласман во третото коло

Првиот носител на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло откако во три сета беше подобар од Уругваецот Пабло Куевас. Нареден противник ќе му биде Литванецот Рикардас Беранкис кој со 3:1 во сетови го победи Џејмс Дакворт.
Ѓоковиќ против 35-годишниот Куевас до победата дојде по 128 минути игра во која славеше со 6:3,6:2,6:4.

Српскиот тенисер уште од стартот наметна свој стил на игра, но брзо го загуби фокусот бидејќи Куевас веќе на вториот негов сервис направи брејк. Одговорот на Новак дојде експресно, веднаш направи рибрејк, а потоа конечно влезе во посакуваниот ритам со кој го натера противникот да трча за секој поен. Таквата тактика на Ѓоковиќ му донесе нов брејк и сервис за водство во сетови.
Во вториот сет играта на Куевас се распадна, повторно мораше да трча за секој поен, а згора на тоа почна да промашува и Ѓоковиќ со два брејка дојде до предност од 4:1 која му донесе мирна завршница на сетот.
Третиот сет понуди најголема неизвесност иако беше решен уште во првиот гем. Имено, Ѓоковиќ веднаш го одзеде сервисот на противникот по што до крајот и двајцата тенисери беа ситурни на свој сервис, а тоа значеше триумф на Ѓоковиќ и пласман во третото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот