фото: rkprolet.mk

РК Тинекс Пролет поседува квалитет и искуство за влез во плеј-офот

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска ќе го стартуваат настапот во новата сезона од македонската ракометна Супер лига, со дуелот на домашен терен против екипата на Вардар Неготино.

Како и минатата сезона, акцентот во Тинекс Пролет е ставен на давање шанса на млади ракометари, во своите редови има само еден странец, црногорскиот голман Михаљевиќ, не отстапувајќи со добро познатиот „домашен рецепт“ да атакува на позитивни резултати на македонската ракометна сцена. Тренер на екипата останува Алексо Лембанов, младиот стратег кој со добрите резултати ланската сезона целосно ја оправда довербата на клубот.

– Задоволен сум од текот на подготовките. Ни треба уште извесно време за да влеземе во топ-форма, но тоа секако е нормална работа кога ќе бидат доведени неколку нови ракометари во тимот. Сите се желни за тренинг и работа, минавме квалитетни подготовки и верувам во добри резултати во сезоната што следи. Мислам дека Тинекс Пролет поседува и квалитет и искуство за да се најде меѓу најдобрите четири во групата. Тоа е првичната зацртана цел, да се најдеме во плеј-офот, каде потоа без преголем притисок би си ги измериле силите со најдобрите македонски екипи во борбата за висок пласман – изјави Лембанов.

За ривали во групата од Супер лигата ги имаат Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел, Прилеп, Голден Арт, Мулти Есенс и Вардар Неготино. Токму тимот од Неготино ќе им биде првиот противник во салата „Македонско Сонце“, закажан од 18.30 часот.

– Станува збор за екипа што направи коренити промени во однос на ланскиот состав, доведе голем број на нови ракометари, а го смени и стручниот штаб. Ги анализиравме индивидуално играчите, но верувам дека на овој натпревар сè ќе завиди од нас самите. Ако излеземе на терен и одиграме онака како што знаеме и умееме, победата нема да биде доведена во прашање – оптимист е тренерот на Тинекс Пролет во пресрет на премиерниот меч од новата сезона.

РК Алкалоид со победа ја отвори сезоната во македонската Супер лига

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот