фото: РК Тинекс Пролет

РК Тинекс Пролет ја прекина соработката со Алексо Лембанов

Ракометниот клуб Тинекс Пролет објавува дека спогодбено е прекината соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Алексо Лембанов, прифаќајќи ја неговата оставка поднесена по поразот од Вардар Неготино пред две седмици.

Овој стручњак помина неколку години во Тинекс Пролет, најпрвин работејќи со младите категории како помошник во стручниот штаб, а во последните две години беше и прв тренер на клубот.

– Изразуваме благодарност до Лембанов за професионалниот ангажман во целиот период во кој беше дел од Тинекс Пролет и му посакуваме многу среќа во иднина – пренесува РК Тинекс Пролет.

Функцијата ВД-тренер ќе ја извршува Илија Темелковски, под чие водство екипата успеа да слави во Прилеп.

Клубот во меѓувреме ќе биде во интензивна потрага по долгорочно решение за функцијата шеф на стручниот штаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот