фото: РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер ќе игра во младинската Лига на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги обелодени деталите за првото издание на младинската Лига на шампионите во ракомет во која Еурофарм Пелистер ќе ја претставува Македонија.

По првичната идеја три клуба го откажаа своето учество во групната фаза (Алборг, Фредериција, Колштад) и на нивно место повикани се ГОГ Гудме, Војводина и Савехоф.

Само победниците од групите ќе се пласираат на младинскиот завршен турнир во Келн. Групната фаза ќе се одигра на 17 и 19 април 2025 година.

Во натпреварите од младинската Лига на шампиони можат да настапат ракометари до 18 години и помлади. Екипата на Еурофарм Пелистер ќе ја водат тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски.

Ова е изгледот на четирите групи:

Група 1 (организатор Веспрем):
Загреб
ПИК Сегед
Веспрем
Војводина

Полуфинале:
Веспрем – Војводија
ПИК Сегед – Загреб

Група 2 (организатор Барселона):
Барселона
ПСЖ
Нант
Спортинг Лисабон

Полуфинале:
Барселона – Нант
ПСЖ – Спортинг

Група 3 (организатор Фуксе Берлин):
Фуксе Берлин
Магдебург
ГОГ Гудме
Савехоф

Полуфинале:
Фуксе Берлин – Савехоф
Магдебург – ГОГ Гудме

Група 4 (организатор Динамо Букурешт):
Еурофарм Пелистер
Динамо Букурешт
Киелце
Висла Плоцк

Полуфинале:
Киелце – Еурофарм Пелистер
Висла Плоцк – Динамо Букурешт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот