Фото: РК Алкалоид

РК Алкалоид во Норвешка брка финале во Европскиот Куп на ЕХФ

Ракометниот клуб Алкалоид денеска во Норвешка од 17.00 часот ќе го игра реваншот од полуфиналето во Европскиот Куп на ЕХФ против Рунар Сандефјорд.

Играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров ќе се обидат да ја одбранат предноста од првиот натпревар во кој славеа со 42:37.

Составот на Алкалоид за денешниот дуел против Рунар Сандефјорд: Кизиќ, Џонов, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов, Карасманакис, Стојковиќ, Галевски, Велковски, Симоноски, Ивановски, Бинго, Оливеира Е Силва, Петковски, Митев, Савревски.

Судии на мечот се Франческо Симоне и Пјетро Монитиљо од Италија. ЕХФ делегат е Хлинур Леифсон од Исланд.

Победникот од овој двомеч во финалето на ова клупско натпреварување ќе биде грчкиот АЕК кој го елиминираше Извиѓач од Босна и Херцеговина.

ФОТО: Ракометарите на Алкалоид го одработија тренингот во Норвешка пред последниот чекор за европско финале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот