
РК Алкалоид без Костадин Петров до крајот на сезоната
Костадин Петров многу бргу ги освои симпатиите на навивачите на ракометниот клуб Алкалоид со својата борбеност, со залагањето и со позитивната енергија што ја внесува во суперлигашката екипа.
Препорачано
За пивотот оваа натпреварувачка сезона е завршена поради посериозна повреда на коленото.
– Поради посериозна повреда на коленото тој нема да може да му помогне на клубот до крајот на сезоната на важните натпревари од Суперлигата и од Купот на Македонија. Од клубот му посакуваме брзо заздравување и што поскоро враќање на теренот – информираат од РК Алкалоид.
Поради споменатата повреда, Петров нема да биде и дел од најдобрата македонска репрезентација за претстојните два натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Луксембург и Турција.
Потсетување дека екипата предводена од Кирил Лазаров по победата над ГРК Охрид во домашниот шампионат обезбеди настап во ЕХФ Европската лига следната сезона.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5