фото: rkvardar.com.mk

Ристовски: Ако не се среди ситуацијата, РК Вардар ќе бара и судии од странство за дерби мечевите

По години поминати на терен исполнети со клупски и репрезентативни радости, успеси па и тагувања, и многу испотени дресови, спортска кариера на Борко Ристовски продолжува повторно во ракометот, но во функција на Извршен директор во ракометниот клуб Вардар 1961.

Во намерата да се направи успешно стабилизирање, и играчки и финансиски, Ристовски e една од македонските легенди кои решија да помогнат во продолжување на патот на најуспешниот ракометен спортски бренд во Македонија. Во интервјуто за клупскиот сајт на скопските „црвено-црни“, поранешниот репрезентативен голман зборуваше за својата функција, за функционирањето на РК Вардар, за амбициите оваа сезона, за системот на натпревари…

Од клубот велат дека спортот не е само играње на терен, туку и многу други фактори знаат да влијаат за постигнување на резултаите, почнувајќи од среќата, мотивот, а некогаш и судиите.

Сите сакаат да имаат фер услови за натпреварување, и единствено да се размислува како да победи противникот. Доколку има тенденција, и во серија постојано има лошо и пристрасно судење тогаш е нормално да се бараат средства како тоа да прекине.

– Нам ни останува само да се надеваме дека делот со судењето ќе се подобри, генерално за сите. Не бараме судење во ничија корист, туку едноставно – чесност и 50-50, па нека победи подобриот. Се залагаме за ферплеј на теренот и надвор од него. Во крајна мера, ако не се подобри ситуацијата и ако се продолжи со правењето сопки, и има разни игри околу Вардар, кои можеби во минатите години успевале, сега ако не се поправи ситуацијата ќе бараме и судии од странство за дерби средбите, за да се добие на чесноста и да нема влијание од различни страни. Треба на терен да ја мериме силата – вели Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот