„Човекот-пречка“ на улица во Рим / Фото: „Икс“

ВИДЕО: Рим протера Украинец кој ги вознемирувал жителите – се шетал прекриен со лисја и гранки, некогаш без облека

Украинец прекриен со лисја и гранки, понекогаш без облека, стана кошмар за жителите на римскиот кварт Балдуино, плашејќи и физички напаѓајќи ги минувачите во вечерните и ноќните часови, објавија денеска италијанските медиуми.

фото: Принтскрин, платформа Х

Како што пишува порталот „Рома дејли“, тој од денеска е под посебен надзор и повеќе нема да може да престојува на територијата на италијанската престолнина.

Доколку ја прекрши оваа забрана, тој може да биде уапсен, наредил судот на предлог на началникот на римската полиција.

„Човекот-пречка“, како што го нарекоа локалните жители, веќе неколку пати беше осуден за нанесување телесни повреди, поседување оружје, давање отпор при апсење и други дела.

Бидејќи тој и покрај тоа продолжил со насилничкото однесување, градските власти прибегнаа кон негово отстранување од областа на Рим, по што на многу жители на Балдуина им олесна. Чудакот талкал низ населбата облечен во партали или покриен со лисја, плашејќи ги луѓето што ги среќавал, што доведе до вистински напади и вандализирање автомобили. Локалните жители му го дадоа прекарот „Остаколомен“ или човек-пречка, а 47-годишниот Иван Гајдичук, со потекло од Украина, конечно беше протеран со одлука предложена од супервизниот суд и прифатена од главниот суд, пишуваат италијанските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот