ФОТО? EPA-EFE/?TIL BUERGY

Ричард Гир неодамна го напушти САД и се пресели во Шпанија, а следниот месец таму ќе добие и филмска награда

Шпанската филмска академија во четвртокот соопшти дека на американскиот актер Ричард Гир, кој од неодамна живее во Шпанија, следниот месец ќе му биде врачена Меѓународната награда на најважната церемонија на доделување филмски награди во земјата „Гоја“.

Актерот ќе ја добие меѓународната награда на церемонијата во Гренада што ќе се емитува на националната телевизија на 8. февруари, се вели во соопштението. Академијата го пофали Гир за неговиот „извонреден придонес во кинематската уметност, глумејќи во некои од најлегендарните филмови во историјата на кинематографијата“.

Таа, исто така, ја пофали „општествената посветеност што ја покажал и лично и професионално“ за различни цели, како што е помошта на бегалците и бездомниците. Академијата го истакна „интензивниот активизам на Гир во име на тибетската автономија и зачувувањето на тибетската култура“.

Седумдесет и петгодишниот Ричард Гир и неговата сопруга 41-годишната Шпанка Алехандра Силва минатата година се преселија во Мадрид со двата сина.

„Посреќни сме од кога било“, изјави актерот во интервју за шпанското издание на магазинот Elle на прашањето за нивниот нов живот во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот