фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Револуција во ТВ-преносите: Лига на шампиони наскоро можеби ќе се гледа и на „Нетфликс“

Со текот на годините сведоци сме на разни промени во фудбалот, а сега би можеле да се случат и во преносите за натпреварте од најелитното клупско натпреварување, Лигата на шампионите.

Имено, поред информациите во блиска иднина постои можност средбите од ова натпреварување да се емитуваат и на платформи како „Нетфликс“ или „Амазон“.

Според информациите во Европската куќа на фудбалот разгледуваат можности да дозволат правата на европските натпреварувања да ги купуваат и глобални стрими сервиси. Во овој момент тие зарабоуваат милијарди евра, а над 100 емитери во светот купуваат различни пакети.

Новиот циклус би можел да започне во 2027 година, а во наредните недели би требало да бидат распишани тендерите, па тогаш сигурно би било и појасно.

Ваквата идеја доаѓа откако „Нетфликс“ во последно време се посвети и на спортот и објави неколку серијали посветени на спортски приказни.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот