Државно правобранителство на Република Северна Македонија
Државно правобранителство на Република Северна Македонија / Фото: МИА

Ревизорите со преодна оценка за работата на Државното правобранителство

Државниот завод за ревизија даде преодна оценка по извршена ревизија на финансиските извештаи на Државното правобранителство на Македонија.

„Со извршената ревизија, изразивме поволно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и мислење со резерва за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Финансиските извештаи ги прикажуваат вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Државно правобранителство на Република Северна Македонија на ден 31 декември 2023 година на сметката на основен буџет (631), како и резултатите од финансиските активности за годината која завршува со тој датум, во согласност со важечката законска регулатива“, се вели во извештајот на ДЗР.

Ревизорите препорачуваат, Државното правобранителство да преземе мерки и активности за утврдување на правниот основ и разграничување на остварените приходи по видови во насока на поврат на финансиските средства на сметка на Буџетот на Македонија согласно Законот за државното правобранителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот