Новиот премиер на Република Српска, Саво Миниќ дава експозе во Парламентот во Бања Лука / Фото: Јутјуб / принтскрин

Република Српска избра нова влада, експерти и опозицијата велат дека не е легитимна

Народното собрание на Република Српска вечерва избра нова Влада, чиј легитимитет го оспоруваат правни експерти и опозицијата.

Сава Миниќ е избран за премиер со 50 гласа „за“ од 83 пратеници, додека двајца се изјасниле „против“. Со идентичен број гласови избрани се и министрите во Владата на Миниќ, а еден пратеник бил „против“, пренесоа српските медиуми.

Посебната седница на Собранието на РС заврши откако новите членови на Владата положија заклетва.

Сојузот на независни социјалдемократи предводен од Милорад Додик – Миниќ има 11 министри во новата Влада. Социјалистичката партија (СП) на Петр Ѓокиќ има двајца министри, додека Обединета Српска (УС) на Ненад Стевандиќ, Социјалистичката партија на Српска (СПС) на Горан Селак и коалицијата на Народната партија на Српска (НПС) на Дарко Бањац и Демократскиот народен сојуз (ДНС) на Ненад Нешиќ имаат по еден министер.

Правните експерти и претставниците на опозицијата ја оспоруваат легалноста и легитимноста на владата на Миниќ, бидејќи тој беше номиниран од Додик, откако долгогодишниот премиер Радован Вишковиќ поднесе оставка на 22 август. Додик немаше овластување да номинира претставник, бидејќи повеќе не е претседател на Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!