Репортажни записи: „Непозната Македонија“ на Васко Марковски

Издавачот „Бегемот“ е особено горд на едно од своите најнови изданија со наслов „Непозната Македонија“, патописна панорама од текстови посветена на земјава и на нејзините чуда, што многу години се собираше и зрееше во мислите и во фолдерите на новинарот и туристички водич Васко Марковски.

– „Непозната Македонија“ е еден голем мозаик составен од разнобојни, дребни, но филигрански обработени каменчиња, што функционираат како необврзна редоследна целина, пред сѐ, според слободната сугестија на авторот на книгата, но коишто, едновремено, можат да се читаат и независно и по слободен избор на редоследите, запазувајќи ги врските на прочитот единствено во најмалите мониста, кои Марковски ги ниже едноподруго, речито, од повеќе аспекти: од една страна информативно, но и чувствено богато осветлувајќи места, простори и скриени урбани и природни локалитети, кои се дел од неговите, најнапред, лични преоткривања на просторот што толку многу му значи, и чии многубројни аспекти и суштини ги споделува со својот читател како од него откриени, а од нив многу притаени и скриени скапоцености на овој така слоевит и богат простор. Во неговата книга се вкрстуваат сегашните објекти, простори, изгледи и минати приказни, митови, истории, ликови во една долга и богата низа од сказови, патописи, репортажни записи и сведоштва на изворни личности – забележа писателот и рецензент Томислав Османли.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 58, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 28-29 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот