Фото: Министерство за спорт

Рекордно издание: Над 14.000 натпреварувачи од 58 земји на Скопскиот маратон

Со учество на 14.000 тркачи од 58 земји, годинешното издание на Скопскиот маратон ќе биде рекордно по повеќе основи.

Фото: Министерство за спорт

Директорот на Виз ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, денеска на прес-конференција изјави дека 21 издание е посебно поради рекордниот интерес и фактот што манифестацијата прераснува во еден од најголемите спортски настани во регионот. Тој рече дека јубилејното издание ветува „уште едно незаборавно издание кое ќе ја претвори метрополата во вистински спортски центар, обединувајќи ги натпреварувачите, навивачите и граѓаните во единствена маратонска магија низ улиците на Скопје“.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, чие министерство е генерален покровител, посочи дека Скопскиот маратон е пример за тоа како спортот може да обедини и да испрати позитивна порака за нашата земја.

Фото: Министерство за спорт

На прес-конференцијата се обрати и Бен Нупнау, заменик на амбасадор на Делегацијата на Европската Унија, кој потенцираше дека маратонот е повеќе од спортски настан.

-Ни претставува голема чест што и оваа година ќе можеме да го поддржиме Скопскиот маратон. Нашата соработка започна уште во 2007 година, а од 2019 година даваме поддршка на традиционалниот штафетен маратон. Европската унија не само што дава институционална поддршка на Скопскиот маратон, туку имаме и тркачи од таканаречениот ЕУ тим, кои што ќе учествуваат на маратонот во недела. Виз ер Скопски маратон е мост што ги поврзува луѓето преку спортот и заедништвото. Тој ја носи европската порака за инклузија, еднаквост и солидарност. Чест ни е што ЕУ е дел од оваа приказна која инспирира и ги сплотува граѓаните – изјави Нупнау и ги повика граѓаните да има дадат поддршка на учесниците на маратонот.

Оваа година, Скопје ќе биде домаќин на рекорден број пријавени учесници – повеќе од 14.000 натпреварувачи од 58 земји ширум светот, што претставува рекорд за најголемиот спортски настан во државата. Најмасовна останува трката на 5 километри со околу 10.300 учесници, при што третпат по ред доминираат жени – нешто што претходно не било случај. Во рамките на ова издание ќе се одржи и Балканско и Национално првенство во маратон, што дополнително ги зголемува важноста и престижот на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот