
Рекордна посетеност во АБА лигата, еве кој тим беше најгледан во сезоната зад нас
Кошаркарите на Партизан, кои се и шампиони на АБА лигата, беа најгледаниот тим во регионалното натпреварување минатата сезона.
Препорачано
Според официјалните информации, 183,690 навивачи ги гледале „црно-белите“ како играат 20 домашни натпревари оваа сезона, што е просек од 9,185 гледачи по натпревар.
На второ место е Црвена звезда, која ја гледале 80,810 навивачи на 17 натпревари во Белград, или во просек 4,754 луѓе.
Веднаш зад вечните ривали е новоформираниот Дубаи, кој привлече вкупно 72,919 гледачи на 18 домашни натпревари во „Кока-Кола Арена“, додека просечната посетеност е 4,051 навивач.
Будуќност, иако поголемиот дел од времето го помина на првото место во регионалниот шампионат, се наоѓа дури на седмата позиција со 49,447 гледачи, или просек од само 2,472 навивачи.
Во однос на вкупната посетеност, рекордот во АБА лигата беше урна, со дури 686м279 гледачи кои ги следеа натпреварите во живо од највисокото ниво на кошаркарско клупско натпреварување во регионот.
Another #ABALiga chapter is behind us and we're happy to announce that we've got a new season attendance record! 👀👀
A big thank you for all of the basketball loving fans for being a part of this amazing 2024/25 season journey! 🙌
🔗: https://t.co/5ook4FIFfI pic.twitter.com/fsme0YxljP
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) June 23, 2025