Реформската агенда не е само усогласување со критериумите на ЕУ, туку подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, вели шведската амбасадорка

Шведска останува посветен партнер на Северна Македонија на патот кон ЕУ, порача шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин на денешната тркалезна маса за реформската агенда за членство во Европската Унија на земјава.

Таа нагласи дека реформската агенда не е само усогласување со критериумите на ЕУ, туку во суштина е подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

„Шведска останува посветен партнер за членството на Северна Македонија во ЕУ. Заедно со Швајцарија се стремиме да ги зајакнеме демократските институции, да поттикнеме владеење на правото и да го унапредиме доброто владеење. Реформската агенда не е само усогласување со критериумите на ЕУ, туку во суштина е подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Нуди рамка за градење на пофер, позелено и понапредно општество. Во целиот овој процес важна улога има активната вклученост на младите, граѓанските организации и медиумите“, рече амбасадорката Ларсон-Џаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот