Злато. / Архива на Слободен печат

Речиси 30 проценти од бразилското злато е нелегално

Околу 28 проценти од бразилскиот извоз на злато во 2019 и 2020 година најверојатно доаѓа од илегални рудници, се вели во извештајот на јавните обвинители и федералниот универзитет Минас Гаераис, што укажува на широко распространето фалсификување документи и неефикасно спроведување на законот.

Извештајот покажа индикации за незаконитост во врска со 48,9 тони злато во период од две години. Илегалните рудари во Бразил често вадат злато од области каде што експлоатацијата не е дозволена, како што се заштитените природни резервати.

Ова рударство, извршено без оглед на еколошките прописи, поттикнува уништување на шумите во амазонската прашума и се покажа дека ја труе реката со жива.

Извештајот вклучува само злато кое било регистрирано во федералната влада заради плаќање даноци за благородни метали и било проверувано со податоци од сателитски снимки од пријавените локации на рудници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!