Фото: Профимедиа

Рецепт за тетовско тавче со четири видови месо: Ваков гурманлук не сте пробале!

Македонија е земја позната по тоа дека одлично се јаде и дека се прават вина со врвен квалитет.

Традиционалниот македонски специјалитет – тетовско тавче најдобро оди со чаша квалитетен каберне совињон, црвено вино што совршено ќе ја балансира оваа количина различно месо.

Состојки:

– 400 грама свински кременадли
– 6 зелени свежи пиперки
– 2 црвени пиперки
– 250 грама говедско бифтек
– 1 домат
– 200 грама мелено месо
– 1 главица кромид
– 200 грама јагнешки црн дроб
– 4 чешниња лук
– 200 милилитри павлака
– 1 јајце
– магдонос
– ливчиња целер
– 1 пилешка или говедска коцка за супа
– лажичка мешавина од зачини, масло, сол, мелен црн пипер

Подготовка:

Се печат парчињата свинско и говедско месо, говедскиот црн дроб и посолени и побиберени топчиња од мелено месо. На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид. Кога ќе омекне, додајте ги парчињата пиперка, доматот, сечканиот лук, магдоносот, целерот, зачинете со мешавината од зачини и додајте го испрженото месо. Потоа додајте сол, бибер и прелијте со претходно сварената супа.
Содржината пренесете ја во земјен сад. Печете еден час на 200 степени. Измешајте ги жолчката и павлаката, па додајте ги во земјениот сад. Вратете сѐ во рерна и печете уште 15 минути.
Послужете во сад и украсете со гранчиња магдонос. Пријатно!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот