Фото: pasja1000 / Pixabay

Рецепт за посна штрудла со афион, полна со ореви и џем

Оваа посна штрудла со афион е повкусна од секоја друга. Полна е со ореви, џем и афион, а останува тазе и мека дури и утредента. Ниту еден десерт не ѝ е рамен на посната штрудла со афион!

Состојки:

За филот:

– 300 мл чај од јагоди
– 400 г мелен афион
– 150-200 г шеќер
– 4 лажици џем
– 100 г суво грозје
– 150 г мелени ореви
– по потреба додајте уште 50-100 мл чај или растопен посен маргарин

За тестото:

– 500 г брашно
– 5 лажици шеќер
– 15 г квасец
– 1 прашок за печиво
– 125 г посен маргарин + 50 г за премачкување
– 200-250 мл вода
– кора од 1 лимон
– прстофат сол

Подготовка:

Пригответе го филот така што прво ќе сварите чај од јагода. Потоа, ќе ги измешате афионот, оревите, шеќерот и џемот, па ќе го додадете врелиот чај да го попари афионот. Кога сето тоа убаво ќе го измешате, пригответе го тестото.
Пригответе го тестото така што ќе го активирате квасецот со вода и шеќер. Измешајте брашно и прашок за печиво, додајте маргарин, лимонов сок, активираниот квасец и вода. Кога убаво ќе го замесите сето тоа, расучете го тестото што потенко и богато премачкајте го со фил. Ставете го загреана рерна, па печете на 180 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот