Фото: Marco Verch / Flickr

Рецепт за популарните крокети од компири: Однадвор крцкави, однатре меки

Крокетите од компири најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век.

Можете да ги купите и во продавница, но сепак најдобро е сами да ги подготвите.

Состојки:

– 700 грама компир

– 150 грама брашно

– 40 грама путер

– 2 жолчки

За кората:

– 2 јајца

– 200 грама брашно

– 200 грама лебни трошки

Фото: Wikimedia Commons

Подготовка:

Сварете ги компирите, процедете ги, додајте го путерот, па направете пире. Потоа, додајте ги жолчките и зачините по желба, сè убаво измешајте и додајте го брашното. По потреба можете да додадете уште брашно, а тестото би требало да ви се лепи за рацете.

Рацете посипете ги со брашно, па од смесата формирајте крокети. Потоа, извалкајте ги во лебни трошки, па во јајца и повторно во трошките. Пржете ги на добро загреано масло. Наредете ги на салфетка за да се впие вишокот масло. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот