Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Рецепт за подварок со печурки: Совршено посно јадење

Од кисела зелка можете да направите специјалитети како подварок, сарма… Подварокот најчесто се пече со месо и сланина, бидејќи овие намирници даваат посебен вкус, но бидејќи божиќниот пост е во тек, можете да направите исто толку вкусно јадење и со печурки.

Сите што пробале подварок со шампињони имаат само пофални зборови, а лесно се прави и на сите им успева.

Состојки:

– 1 праз
– 1 кг зелка
– 200 грама шампињони
– 120 мл вода
– 50 мл бело вино
– печурки шампињони

Подготовка:

Исечете го празот и пропржете го во масло, а кога ќе омекне, додаjте ја изренданата зелка (односно ситно исечкана), која претходно сте го измиле. Сипете вода и зачинете по желба, па добро измешајте. Гответе покриено со капак, додека зелката не омекне.

Во тава пропржете ги сечканите шампињони, па додајте ги во зелката и измешајте. Сипете бело вино и потоа префрлете ја тавата со подварокот во претходно загреана рерна. Печете на 180 степени околу 15 минути.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот