Фото: Pexels/ Ghayda Awad

Освежителен и вкусен десерт: Рецепт за пита со јогурт и боровинки

Во моментов достапно ни е многу свежо овошје, па штета е да не го искористиме. Затоа ви предложуваме еден овошен рецепт. Овој пат се работи за пита со јогурт и боровинки, десерт кој лесно се прави, а неговиот вкус ќе ве воодушеви.

Состојки:

За крцкаво тесто

– 300 г обично брашно

– 200 г путер

– 4 жолчки

– 1 кесичка прашок за пециво

За фил

– 4 белки

– 100 г шеќер

– 1 лажица екстракт од ванила

– 400 г грчки јогурт

– 400 г кисела павлака

– 50 г остро брашно

– 250 г боровинки (или кое било друго сезонско овошје)

Подготовка:

Ставете го ладниот путер во брашното, а потоа додадете ги жолчките и прашокот за пециво. Замесете потврдо и ронливо тесто. Оставете го тестото во фрижидер околу 20 минути додека го правите филот.

Изматете ги белките додека не се направи шлаг, измешајте ги со екстрактот од ванила, брашното, грчкиот јогурт и павлаката. Вклучете ја рерната на 185 степени да се загрее.

Половина од тестото расукајте го или, ако ви е полесно, притиснете го со прстите во тавче за печење подмачкано со масло и брашно со димензии приближно 30 на 40 сантиметри.

Истурете го филот врз тестото и ставете ги боровинките, па преостанатата половина од тестото изрендајте ја. Тавата со тестото ставете ја во рерна и печете околу 45 минути.

По печењето, оставете ја питата да се олади и одозгора посипете малку шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот