
Рецепт за највкусните крокети од компири, крцкави се и се топат во уста
Фини, вкусни, а толку едноставни за подготовка. Одговараат на речиси секое и секакво јадење, а можат да се сервираат и како грицки.
Препорачано
За крокетите од компири ви се потребни само неколку состојки, а можете да ги сервирате како прилог со речиси секое јадење од месо, со зеленчук, салати и со разни сосови. За подготовка на крокетите не ви се потребни никакви посебни кулинарски способности, а ќе ви требаат нешто повеќе од два часа сами да си ги приготвите дома. Исто така, постојат и различни рецепти за подготовка на крокетите, денеска ви донесуваме еден од нив.
Состојки:
– 1 килограм компири
– коцка путер
– 1 јајце
– сол
– 300 грама брашно
– масло за пржење
Подготовка:
Прво сварете ги компирите во врела вода. Пред варењето можете да ги исечкате на коцки за побрзо да се сварат. Кога се готови, добро исцедете ги, па додајте масло и сол и коцка путер додека се уште врели.
Со миксер направете пире од компири. Обидете се да биде што помеко и подобро миксирано. На пирето додајте го брашното и замесете го тестото. По потреба, може да додадете уште брашно. Тестото поделете го на неколку делови, па измесете ги. Потоа, сечете парче по парче со големина по ваш избор.
Во сад за пржење ставете масло и зовријте го на оган. Кога ќе биде врело, почнете да ги ставате крокетите. За почеток ставете еден крокет во маслото и причекајте да стане врело. Кога ќе зоврие и ќе почнат да се прават меурчиња околу крокетот, маслото е готово за пржење. Ставете ги остатокот од „крокетите“ и повремено превртувајте ги. Кога ќе добијат златно-жолта боја, значи дека се готови. Потоа вадете ги во чинија, на која може да поставите хартија што ќе го впива вишокот масло.