Фото: Unsplash / Didi Miam

Рецепт за мини галети со јагоди и ванила: Совршенство од вкусови!

Сезоната на јагоди е во полн ек, па навистина би било штета да пропуштите да ги задоволите вашите сетила со совршенство во форма на мини галети со јагоди и ванила. Со оглед на тоа што сигурно немате енергија или волја да правите кори за пити или да замесите тесто за колачи по напорниот работен ден, вашиот адут во ракавот за ова слатко задоволство ќе биде лиснатото тесто. Едноставно, вкусно и многу шик – создадено за пролетните вечери.

Состојки (за 8 порции):

– 8 чаши јагоди, исечкани
– ¼ шолји шеќер
– 1 лажица пченкарно брашно
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 2 листови лиснато тесто
– 1 јајце, изматено
– кафеав шеќер, за посипување
– шлаг
– сечкани ф’стаци или сладолед за декорација

Фото: Unsplash / Didi Miam

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете две тави за печење со хартија за печење.

Во поголем сад измешајте ги јагодите, шеќерот, пченкарното брашно и екстрактот од ванила, па оставете ги настрана. Потоа, листовите лиснато тесто ставете ги на работна површина малку посипана со брашно. Исечете го секој на 4 еднакви правоаголници. Потоа, на плех ставете по 4 правоаголници. Со лажица ставете околу половина шолја фил од јагоди и ставете во средината на секој правоаголник од лиснатото тесто. Рабовите малку свиткајте ги навнатре, обиколувајќи ги во круг, така што секое печиво да стане мини галета. Рабовите премачкајте ги со јајце и обилно посипете со кафеав шеќер. Печете во рерна додека рабовите не поруменат, околу 25 минути.

Галетите целосно изладете ги пред сервирање, па украсете со сладолед, шлаг и сечкани ф`стаци.

Фото: Unsplash / Didi Miam

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот