Фото: Профимедиа

Рецепт за макарони со чадено месо и кашкавал: Ваква комбинација на вкусови не сте пробале!

Крцкави однадвор и меки однатре, печените макарони ги будат сите сетила на секоја трпеза!

Без разлика дали сте љубител на поинтензивни вкусови или преферирате понеутрални оброци, печените тестенини ќе ги задоволат вашите потреби. Едноставни за подготовка, неодоливо вкусни и примамливи по изглед, печените тестенини ги освоија срцата на многу гурмани.

Доколку сте останале без идеи во кујната, а барате рецепти кои ќе ги подготвите со само неколку состојки на брз и едноставен начин, во го предлагаме овој рецепт што уште повеќе ќе ве инспирира.

Фото: PickPik

Состојки:

– 500 грама макарони

– 200 грама маринирани печурки

– 300 грама чадено свинско месо

– 1/2 ќесичка крем-супа од печурки

– 1 мала кисела павлака

– 200 грама кашкавал

– сол, масло за јадење, оригано

Фото: PickPik

Подготовка:

Во тенџере сипете вода и сол и почекајте да зоврие. Откако водата ќе почне да врие, ставете ги макароните да се варат околу 5 минути.

Додека чекате да омекнат, во тавче сипете масло и во него пропржете ги заедно печурките и чаденото свинско месо. Откако ќе поруменат, ставете ја киселата павлака и потребните зачини и оставете ги заедно пет минути да се динстаат.

Кога макароните ќе се сварат, исцедете ги од водата и ставете ги во садот во кој планирате да ги печете.

На страна, во чаша, изматете ја смесата од крем-супата и додајте ја во макароните, потоа додајте ја и смесата со печурки и павлака. Убаво измешајте и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 10 минути.

Пред крај, одозгора изрендајте кашкавал и вратете ги макароните да се допечат. Оставете ги во рерна само една до две минути, односно онолку време колку што е потребно за да се растопи кашкавалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот