Фото: Профимедиа

Рецепт за грчка проја: Слична на нашата, различна во една работа

Пројата е составен дел од нашата трпеза и секоја домаќинка има свој проверен рецепт, а сега ви донесуваме рецепт како ја прават Грците.

Состојки:

– шолја пченкарно брашно
– шолја пченично брашно
– две лажички прашок за печиво
– 2 јајца
– шолја јогурт
– 120 грама путер
– 2 лажици маслиново масло
– 1 мала тиквичка
– 200 грама фета
– мајчина душица

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Во еден сад измешајте ги сите суви состојки, а во друг маслото, јогуртот и растопениот путер. Измешајте ги двете смеси и додајте ја ренданата тиквичка, како и иситнетото фета сирење. Добро измешајте, сипете ја смесата во подмачкан плех, израмнете и посипете со мајчина душица. Печете најмалку 35 минути или додека чепкалка забодена во средината не излезе сува. Испечената проја изладете ја на собна температура и исечете ја на триаголници, така Грците ја сервираат.

Пријатно!

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!