
Рецепт за гиро тортилји со ѕаѕики: Со вкус како да ги јадете во Грција
Гиро тортилјите со сос ѕаѕики потсетуваат на летен одмор, а поради состојките се исклучително сочни. Можете да ги направите за само 20 минути. Брзиот оброк со гиро тортилји со сос ѕаѕики ќе ве одушеви со својот вкус, а со овој уникатен сос ќе го освежите непцето. Веќе со првиот залак и арома ќе ве однесат на некое потопло место.
Гиро тортилјите со сос ѕаѕики се лесни за правење, само следете ги овие чекори!
Препорачано
Состојки:
– 4 тортилји, загреани
– 1/4 шолја маслиново масло, поделена
– 2 шолји исечкано печено пилешко
– 3 чешниња лук, мелени
– 1 1/2 лажички сушено оригано
– 1/3 шолја пилешка супа
– 3/4 шолј сечкани домати
– 1/2 шолја сечкана краставица
– 3 лажици мелен црвен кромид
– 1 лажица сечкан свеж магдонос
– 1 1/2 лажички црвен вински оцет
– прстофат сол и бибер
– 1/2 шолја ситно издробено фета-сирење
– 1/2 шолја подготвен сос ѕаѕики
– парчиња лимон (опционално)
Подготовка:
Загрејте ги тортилјите. Загрејте половина од маслото во голема тава поставена на средна температура на ринглата. Пржете ги пилешкото, лукот и ориганото околу една минута или додека не замирисаат. Додајте го бујонот (пилешката супа), доведете до вриење и намалете ја топлината на средно ниска. Гответе, повремено мешајќи, околу 3 минути или додека течноста не испари и додека пилешкото не се загрее.
Во меѓувреме, измешајте ги доматите, краставицата, кромидот, преостанатото маслиново масло, магдоносот, оцетот, солта и биберот. Додадете го пилешкото во центарот на секоја тортилја, оставајќи празен мал раб на двата краја на тортилјата. Одозгора намачкајте ја смесата од домати, фета и сосот ѕаѕики. Преклопете го дното на тортилјата преку филот, а потоа преклопете ги од страните и цврсто свиткајте во ролна. Послужете со парчиња лимон. Додајте црни маслинки без коски, по желба.