Фото: © Delo Vkusa delo-vcusa.ru

Рецепт за гаспачо – шпанско јадење, најосвежувачко за летните денови

Ако никогаш не сте слушнале за гаспачо, сега е вистинската шанса. Гаспачо е едно од најпознатите шпански јадења. Тоа е всушност ладна чорба од зеленчук. Идеална е за летните денови, бидејќи е многу освежителна и богата со сезонски зеленчук.

Најинтересно кај оваа чорба е тоа што имате богатство од крцкави парчиња зеленчук во чинијата и со секој залак можете да го почувствувате ослободувањето на сите вкусови што сте ги додале.

Меѓутоа, ако немате доволно време, можете да направите побрза варијанта на оваа супа, можете да го исечкате зеленчукот во блендер и полека да ги соедините сите состојки.

Која верзија и да ја изберете, гаспачо најдобро се служи ладно, 24 часа по подготовката.

Главната состојка на супата е доматот кој треба да биде совршено зрел и сочен.

Состојки:

– 1 кг зрел домат
– 50 г кромид
– 1,2 чешниња лук
– 100 г краставица
– 50 грама зелена пиперка
– 100 мл маслиново масло
– 30 мл оцет
– околу 150 мл вода
– 1 лажица сол (или по вкус)
– крутони – по желба

Фото: Needpix

Подготовка:

– Зеленчукот исчистете го и исечете го на парчиња. Издвојте една четвртина домат, пиперка, краставица и кромид. Остатокот ставете го во блендер или мултипрактик. Може да користите и силен рачен миксер. Истурете во течноста, маслиново масло, вода, оцет и сол. Мелете сè за да достигне што е можно подобра конзистентност(околу 3-4 минути).
– Ако имате моќен електричен апарат, гаспачото треба да биде спремно за консумирање, но ако не сте успеале да постигнете нежна и фина конзистентност на смесата, не заборавајте да го обработите, да ги отстраните остатоците од кожата или семето од домати со помош на газа или сито.
– Оставете го во фрижидер 2 часа за добро да се излади(овој чекор не го прескокнувајте никако!).
– Пред сервирање, исечете ги одделените парчиња зеленчук на мали коцки. Зачинете ги со малку сол, маслиново масло и оцет. Посипете ги и додајте крутони во секоја порција или сервирајте одделно во чинии на масата, така што секој ќе става колку што сака.
– Ако сакате, можете да ставите две или три коцки мраз во секоја порција. Не претерувајте со мраз, бидејќи супата се разредува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот