Фото: Профимедиа

Рецепт за есенски десерт со јаболка и чоколада

Неверојатен спој на вкус и мирис на јаболката, циметот и чоколадото. Брз, сочен колач, совршена комбинација на вкусови. Колачот е прекрасен, миризлив, сочен, вкусен.

Состојки:

– 5 јаболка со средна големина
– 100 грама шеќер
– 50 грама ореви
– 3 јајца
– 2 лажица гриз
– 2 лажица брашно
– 10 грама цимет
– 1 прашок за печиво
– 100 мл јогурт
– 100 грама чоколада
– 10 грама какао

Подготовка:

Во тепсијата ставете хартија за печење. Потоа, излупете ги јаболката, исчистете ги и издлабете ги во средината. Вака подготвените јаболка ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 20 минути или додека не омекнат. Потоа извадете ги од рерна.

Додека чекате печените јаболка да се изладат, во подлабок сад, изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Матете се додека не добиете цврста пена. Откако јајцата и шеќерот убаво ќе ги изматите, во нив додадете ги маслото, какаото, јогуртот, гризот, оревите и брашното кое претходно сте го измешале со прашокот за печиво. Внимателно мешајте за да не ви останат грутки брашно во тестото.

Вака подготвената смеса, сипете ја врз претходно печените јаболка и ставете ги заедно да се печат околу 45 минути на температура од 150 степени Целзиусови.

Откако колачот ќе биде готов, извадете го од рерна и оставете го да се излади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот