
Рецепт за есенски брауни со тиква: Ваков десерт не сте пробале!
Американците се познати по чоколадниот колач т. н. брауни, кој лесно и брзо се прави, а воедно има прекрасен вкус.
Брауни во последните неколку години стана доста популарен и кај нас, а денеска ви носиме рецепт за есенски брауни со тиква. Со причина е еден од најпопуларните колачи меѓу сладокусците, бидејќи ароматичниот колач со тиква, со својот вкус ќе ги задоволи сите ваши сетила.
Препорачано
Состојки:
– 150 грама брашно
– 2 лажици какао во прав
– 250 грама темно чоколадо
– 150 грама путер
– 300 грама шеќер
– 4 јајца
– 200 грама варена, исцедена тиква
– 200 грама кокосов јогурт (или грчки јогурт)
– 1 лажичка цимет
– прстофат сол
– прстофат морско оревче
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 180 степени. Чоколадото и путерот растопете ги во тенџере на тивок оган, убаво измешајте и додајте 80 грама пире од тиква. Сипете 250 грама шеќер, измешајте и оставете ја смесата да се излади. Постепено додавајте 3 јајца. Одделно измешајте ги брашното, солта, какаото во прав и зачините. Промешајте, па соединете со чоколадната смеса. Во плех обложен со хартија за печење, сипете ја смесата. Во еден сад измешајте ги кокосовиот јогурт, јајцето, преостанатиот шеќер и пирето од тиква. Мазната смеса прелијте ја врз смесата во плехот. Печете 30-35 минути, во рерна загреана на 180 степени. Оставете ги брауните да се изладат, па исечете ги и послужете. Добар апетит!