Фото: Профимедиа

Рецепт за есенска салата со круша и горгонзола: Необичен, но неодолив спој на вкусови!

Крушата е овошје кое многу брзо го задоволува гладот, а воедно дава сила и потребна дневна енергија. Витамините Б од крушите му помагаат на телото да се справи со стресот бидејќи го хранат нервниот систем и учествуваат во процесот на добивање енергија од јаглехидратите.
Овој период од годината е исклучително богат со неодоливи сезонски производи, па сега е вистинското време да бидете креативни во кујната и да експериментирате со есенските плодови и вкусови.

Ако обожавате добри салати, богати со текстура и вкусови, оваа есенска салата несомнено ќе ви ги исполни очекувањата. Слатката круша, преливот од сенф, крцкавите оревчиња и кремастото сирење горгонзола создаваат превкусно есенско јадење, на кое нема да можете да му одолеете.

Состојки:
За салатата:

– 2 помали зрели круши, излупени и исечкани
– 60 г сирење горгонзола, здробено
– околу 200 г мешана зелена салата, млад спанаќ, рукола
– околу 20 ореви

За преливот:

– 2 лажици црвен вински оцет
– 1/2 лажиче сенф
– 1 лажиче мед
– 1/4 лажиче сол
– свежо мелен бибер
– 3 лажици маслиново масло

Подготовка:

1. Во помала чинија измешајте оцет, сенф, мед, сол и бибер. Додајте маслиново масло и изматете.

2. Во поголем сад измешајте зелена салата, круши, сирење горгонзола и ореви.

3. Пред самото послужување, додајте го преливот во салатата и убаво измешајте. Послужете ја веднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот