Фото: Sergii Koval / Alamy / Profimedia

Рецепт за едноставен посен ручек со компири и младо кромитче

Ви претставуваме јадење совршено за периодот за постење – компири со коприва и младо кромитче.

Состојки:

– еден до два килограми компири

– 200 грама млади коприви

– еден морков

– едно врзопче млад кромид

– едно врзопче млад лук

– сол и бибер

– две лажици палента

– масло

– малку алева пиперка

Фото: Oleksandr Prokopenko / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Копривите исчистете ги и обарете ги една-две минути, па исцедете ги и исечкајте ги ситно. Кромидот исечкајте го и пропржете го, па додадете ги и кругчињата моркови, а потоа и сечканата коприва.

Сè измешајте. Додадете лажица палента и малку вода. Тавчето подмачкајте го и додадете ги копривите и распоредете ги.

Исчистените компири посолете го и додадете малку зачини, масло, бибер и малку алева пиперка и на крајот, лажица палента.

Сето тоа измешајте го, па наредете ги компирите врз копривата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот