
Рецепт за домашни њоки во болоњезе сос: Се топат во уста!
Кога зборуваме за овој рецепт, тука нема многу работа, како што може да ви делува на прв поглед. Се варат компирите, се пасираат, се додава брашното, жолчките, малку сол и се формира тесто.
Препорачано
Состојки:
За њоките:
– 0,5 кг излупен бел компир
– 120-150 грама брашно, плус за работната површина
– жолчка
– прстофат сол
За сосот:
– лажица маслиново масло
– кромид
– црвена пиперка
– чешне лук
– 400 грама домати пелато
– една лажичка сушен или грст свеж босилек
– 125 грама моцарела
Подготовка:
Компирите сварете ги во посолена вода, изгмечете ги, додајте прстофат сол, една жолчка и постепено додавајте го брашното, постојано мешајќи и месејќи го. Формираното тесто поделете го на четири дела, па секој дел свиткајте го во лента со дебелина од околу 1,5 см, тркалајќи го со дланките на работната површина. Добиените ленти исечете ги на њоки долги околу 2 см. Ако сакате, притиснете ја секоја њока на ребреста површина или со виљушка, или оставете ги мазни.
Ставете ги во многу зовриена вода и веднаш штом испливаат, извадете ги со лажица. За сосот, пропржете ги сечканиот кромид и ситно сечканата пиперка пет минути. Додајте го искршениот лук, пропржете една минута, па додајте ги доматите и зачинете. Гответе околу 10 минути и повремено мешајте. Додајте ги сварените њоки, босилекот и префрлете ги во голем огноотпорен сад.
Посипете ги њоките со издробена моцарела и печете до десет минути, додека моцарелата не добие меурчиња и златна боја.