
Рецепт за чоколадни коцки со лешници, неодолив пенест десерт
Ако посакувате сочен и пенест чоколаден десерт, време е да ги пробате овие чоколадни коцки за чија подготовка ви се потребни само 5 минути.
Препорачано

Состојки:
– 4 шолји ситно мелен шеќер
– ½ шолја какао во прав (незасладено)
– ¼ шолја млеко со поголем процент на маснотии
– ½ шолја путер
– 2 лажички екстракт од ванила
– Една рака пржени, сечкани лешници

Подготовка:
Подгответе сад со димензија 10×10 см и намастете го со малку путер или масло или, пак, ставете хартија за печење.
Промешајте ги шеќерот и какаото, па прелијте ги во сад кој може да се стави во микробранова печка. Оваа мешавина прелијте ја со млеко, а на крајот додајте го путерот иситнет на парчиња. Ништо не мешајте туку ставете го да се грее околу 2 минути во микробранова печка, односно додека путерот потполно не се стопи.
Извадете го садот од микробрановата печка, додајте го екстрактот од ванила и со миксер добро измиксирајте на најјака брзина додека не добиете еднаква кремаста маса. Потоа ги додавате лешниците и сето тоа заедно добро се меша.
Смесата се прелива рамномерно во претходно подготвениот сад и се става во замрзнувач 10 минути. Потоа, превртете го садот на рамна површина и добиената чоколадна плоча пресечете ја на поситни коцки.
