
Рецепт за брзи пикантни шпагети со туна, супер вечера за тропските горештини
Подготвено со едноставни шпагети (ал денте), ова едноставно јадење брзо се спрема – од шпоретот до чинијата е потребно помалку од половина час. Затоа е совршено за сите кои брзаат, или на пример, за вечера кога изморени ќе се вратите од работа. На класичниот сос кој содржи домати, кромид, лук и маслиново масло, додадете малку црвен пипер за зачинета, пикантна арома.
Препорачано
Интересно е како црвената пиперка, без разлика дали ќе изберете лута или со слатка арома, е се попопуларен зачин во разни рецепти, од гулаш, пилешко, риба и јајца, а ќе се изненадите што многумина ја додаваат дури и во чоколадото.
Збогатувајќи го со лута пиперка и балсамико, класичниот сос од туна ќе го кренете на повисоко ниво.
Состојки (за 4 лица):
– 250 грама чери домати
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 1 лута црвена пиперка
– 185 гр туна во масло
– половина китка магдонос
– 400 грама шпагети
– 3 лажици маслиново масло
– сол и бибер, балсамико оцет, пармезан
Подготовка:
Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, а доматите поделете ги на половина. Исечкајте ја пиперката на мали коцки. Туната исцедете ја и иситнете, а магдоносот ситно исечкајте го.
Шпагетите сварете ги ал денте. Загрејте го маслото во тава и пропржете ги кромидот и лукот. Додадете ги доматите, туната и биберот, па кратко продинстајте ги со кромидот и зачинете со сол и бибер, а за уште позачинет вкус, по желба додадете една лажица балсамико.
Шпагетите исцедете ги, додадете магдонос и сос по желба, па посипете со пармезан.