Фото: Unsplash

Рецепт за брускети со шопска салата

Една од омилените салати, популарната шопска, сигурно и оваа лето е неизоставен дел од вашето мени. Ако во некој случај, ви остане од салатата, со остатокот можете да приготвите лесна ужинка. Односно зеленчукот што е потребен за шопска салата, сега употребете го за подготовка на брускети. Вкусни крцкави брускети со шопска салата. Превкусна и освежувачка ужина или вечера!

Состојки:

– 1 домат
– 1 главица кромид
– 1 зелена пиперка
– 1 краставица
– рендано сирење
– неколку парчиња леб
– маслиново масло
– магдонос
– сол по вкус

Подготовка:

Големо тавче за печење премачкајте го со масло. Наредете ги лепчињата и попрскајте ги малку со маслиново масло. Зеленчукот исечкајте го на коцки или на кругови, па во еден сад измешајте го и зачинете го со сол, но само доколку сирењето не е многу солено. Најгоре ставете дробено сирење, повторно испрскајте со маслиново масло и ставете ги да се потпечат во рерна. Откако ќе ги извадите посипете ги со сечкан магдонос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот