Фото: Профимедиа

Рецепт за благи домашни кифлички со џем: Неверојатно меко тесто

Домашните кифлички секогаш се популарни во македонската кујна, без разлика дали ги правите солени или благи – сите ги обожаваат. Направете слична варијанта – кифлички полнети по желба, како предлог за одличен појадок или вечера.

Состојки:

– 550 грама брашно
– 250 грама маргарин
– 1 кисела павлака
– 1 прашок за печиво
– 1 јајце
– крем, мармалад
– шеќер во прав

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во длабок сад и замесете тесто. Покријте со крпа и ставете во фрижидер, да отстои околу 20 минути.

Потоа, растегнете го тестото, пресечете го на правоаголници со иста големина и на секој од нив ставете една лажичка крем или мармалад.

Свиткајте ги и наредете ги во претходно премачкана тава. Загрејте ја рерната на 180 степени, а за тоа време оставете ги кифличките да отстојат во тавата и уште малку да нараснат.

Печете околу 15 минути, но внимавајте кифлите да останат бели. Кога ќе се испечат, сипете им шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот