Фото: Jens Mahnke / Pexels

Рецепт: Подгответе си сами смеса за гурмански плескавици и ќебапчиња

Многу повкусни ќебапчиња и плескавици независно од тоа дали сакате да имате на трпезата обична, шарска, гурманска или ловџиска плескавица е доколку самите си ја подготвите мешавината со мелено месо и други додатоци, кои подоцна ќе ги обликувате по ваша желба.

Секогаш меленото месо треба да биде во еднаков сооднос. Па така, доколку на пример користите 500 грама свинско мелено месо, додајте ѝ на смесата исто толкаво количество и телешко месо.

Покрај меленото месо, во смесата секогаш ставајте поголемо количество ситно сечкан кромид, презла, јајце и, се разбира, зачини по ваш вкус. Сите состојки измесете ги убаво со рака, а потоа обликувајте ги по ваша желба.

Гурманска плескавица

– 1 килограм мешано мелено месо
– 4 главици кромид
– малку свеж магдонос
– 2 лажици лебни трошки
– 2 лажици буковец
– 2 лажички мешан сув зачин
– 1 лажичка црн бибер
– 1 лажичка оригано
– 300 грама млечен кашкавал

Откако ќе ја подготвите смесата за плескавици, можете да ја испечете на скара и да уживате во нивниот фантастичен вкус!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот