Фото: Pixabay / Pxfuel

Рецепт: Овој пијалак помага при надуеност, киселини и чистење на отровите! И сите го имаме во фрижидерот

Дигестивниот систем му овозможува на телото да ги апсорбира хранливите материи и да го елиминира отпадот. Кога нашето варење не функционира оптимално, често поради лошите навики во исхраната или нивото на хидратација, може да се појават проблеми како што се надуеност, запек, рефлукс и чувство на тежина. Со менување на овие обрасци, можеме да направиме многу за сопственото здравје, а еден од делотворните чекори би можел да биде водата од краставица. И не е чудно што освежителниот пијалак направен од овој зеленчук станува сè попопуларен, особено затоа што се покажал како добар во стимулирање на дигестивниот систем.

Водата со краставица е позната и како „инфузија од краставици“ или пијалак за детоксикација од краставици, а таа е совршен начин за хидратација и чистење на организмот во текот на целиот ден.

Ова се неколкуте здравствени придобивки:

1. Ја подобрува хидратацијата

Хидрираното тело е клучот за правилното функционирање на дигестивниот систем. Имено, водата му помага на телото да ја разгради храната, да ги апсорбира хранливите материи и му помага полесно да ги исфрли отпадните материи. Да напоменеме дека краставиците содржат повеќе од 95 отсто вода, што ги прави идеален сојузник за оптимална хидратација, што, покрај другите придобивки, го намалува ризикот од запек и промовира редовна столица.

2. Ги намалува воспаленијата во дигестивниот систем

Краставиците содржат растителни соединенија како фисетин и други антиоксиданти кои имаат противвоспалителни својства кои помагаат во смирување на воспаленијата и непријатноста, особено кај луѓето што страдаат со гастритис или синдром на нервозно (иритабилно) црево.

3. Помага при надуеност

Надуеноста често е предизвикана поради задржување на водата или неправилно варење. Поради високата содржина на калиум што ја содржат краставиците, доаѓа до регулирање на рамнотежата на течности во телото. Ова, пак, може да го намали задржувањето на водата, што ја намалува надуеноста и чувството на тежина во стомакот.

4. Го поттикнува производството на дигестивните ензими

Краставиците содржат мала количина на ензими кои помагаат во разградување на храната и подобра апсорпција на хранливите материи. Затоа, редовното пиење вода од овој моќен зеленчук може да го стимулира производството на дигестивни ензими (ензими за варење на храната) и да го олесни варењето на побогатите, потешките оброци.

5. Добар е за детоксикација на телото

Покрај веќе наведените придобивки, водата со краставица е природен пијалак за детоксикација. Неговите благи диуретични својства помагаат во исфрлањето на токсините од телото преку урината, што придонесува за почист дигестивен тракт, одржување на рамнотежа на цревната флора и поздраво варење.

6. Ги ублажува киселините и рефлуксот во желудникот

Бидејќи е малку алкална, оваа вода може да помогне да се неутрализира вишокот на желудочна киселина, што е особено корисно за луѓето што страдаат од рефлукс. Имено, оваа вода ја смирува иритацијата на хранопроводникот и го намалува чувството на печење.

Направете сами вода од краставици

Состојки:

– 1 свежа краставица
– 1 литар вода
– Парче лимон, листови од нане или ѓумбир по желба за дополнителен вкус

Подготовка:

Краставицата измијте ја и исечкајте ја на тенки парчиња и ставете ја во бокал со вода.
По желба додадете неколку листови свежо нане, парче лимон или парче свеж ѓумбир.
Оставете ја водата во фрижидер најмалку два часа пред да ја консумирате за да ѝ дозволите на краставицата да ги ослободи своите хранливи материи и арома.
Водата можете да ја пиете во текот на денот и да ја надополнувате со вода сè додека краставиците го задржат својот вкус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот