Коктел, Фото: Unsplash

РЕЦЕПТ | Баш дека е среда: Коктели со виски кои се прават за 5 минути

Денес е среда, а ние веќе ги чувствуваме камшиците на работната недела. Секој се опушта на различен начин, претежно пред телевизор со некоја „штетна“ храна(генерализирам), но ако сакате нешто да ви ги отапе нервите и погали сетилата, пробајте ги овие рецепти за коктели со виски – надалеку познати , кои непристојно кажано, се толку лесни што може дете да ги направи.

Whiskey Sour

Whiskey Sour, Фото: Flickr

Потребни состојки:

  • 50 мл бурбон
  • 35 мл сок од лимон
  • 12 мл шеќерен сируп
  • околу 2 мл „Angostura bitter“ ликер
  • ½ пресна белка од јајце
  • мраз
  • парче кора од лимон
  • за гарнир: марашино цреши, кора од лимон или прескокнете

Метод:

Ставете ги сите состојки(освен кората од лимон) во шејкер и силно протресете ги со мраз. Исцедете ги во чаша исполнета со мраз. Свиткајте ја кората од лимон со сјајната страна надолу над пијалокот, така што миризливите масла ќе се испрскаат по површината. Отфрлете ја кората и послужете. Додадете гарнир ако сакате.

Drop It Like It’s Hot

Drop It Like It’s Hot, Фото: Flickr

Потребни состојки:

  • 50 мл шкотско виски
  • 7 мл мед
  • околу 3 мл „Angostura bitter“ ликер
  • парче кора од портокал
  • 1 лажица какао во прав
  • мраз
  • за гарнир: кора од портокал, парчиња сирово какао или прескокнете

Метод:

Ставете ги сите состојки(освен кората од портокал)во шејкер и силно протресете ги со мраз. Исцедете ги во чаша исполнета со мраз. Свиткајте ја кората од лимон со сјајната страна надолу над пијалокот, така што миризливите масла ќе се испрскаат по површината. Отфрлете ја кората и послужете. Додадете гарнир ако сакате.

Mint Julep

Mint Julep, Фото: Wikimedia

Потребни состојки:

  • 65 мл бурбон
  • 10 листови нане
  • 12 мл шеќерен сируп
  • мраз(кршен и коцки)
  • за гарнир: големо гранче нане или прескокнете

Метод:

Ставете ги сите состојки во шејкер и силно протресете ги со мраз. Процедете ги во висока чаша исполнета со кршен мраз. Нежно промешатје со лажица со долга рачка – движејќи се по контурите на чашата и додадете мраз. Додадете гарнир ако сакате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот